Јавниот долг на Грција 170,6% од БДП
Грчкиот завод за статистика ги ревидираше во плус податоците за буџетскиот дефицит и јавниот долг од 2011 година, што според очекувањата на аналитичарите, веројатно дополнително ќе ги искомплицира напорите на официјална Атина да ги оствари фискалните цели, кои во замена за помош ја одредија меѓународните кредитори. Според и понатаму прелиминарните податоци, буџетскиот дефицит на Грција лани изнесувал 9,4 отсто од бруто домашниот производ, а јавниот долг 170,6 отсто од БДП.
Слично
