Јавни обвинители го тужат шефот Марко Зврлевски
Јавен обвинител го тужел Јавното обвинителство на Република Македонија, со кое раководи Марко Зврлевски, оти не му исплаќало надоместок за дежурство и го добил судскиот спор. На тужителот му биле исплатени 355.000 денари или 5.700 евра. Ова не е единствената тужба по овој основ против Јавното обвинителство. Дури 14 јавни обвинители си ги бараат парите кои им следуваат за нивните активности и ангажман надвор од работното време. Ова го обелодени Државниот завод за ревизија во ревизорскиот извештај за 2014 година, што вчера беше објавен на интернет страната на ДЗР.
Ревизорите открија дека од 2010 до 2014 година не е извршена ниту една исплата за надоместок по однос на дежурство. Тие немаат информација каков е исходот на останатите тужби од страна на другите јавни обвинители и дали и тие го добиле судскиот спор против нивниот шеф Зврлевски. За да се надмине оваа состојба лани на 30 декемаври, сменет е Законот за платите на јавните обвинители, со кој е уредено дека висината на надоместокот за дежурство, со правилник, ќе го утврди Јавниот обвинител на РМ, по претходна согласност од министерот за финансии. Но и оваа процедура не е завршена, па сеуште во тек е изготвување на нацрт правилник.
Зврлевски нема „црно на бело“ колку чини новата зграда на Обвинителството
Ревизорите откриваат дека Јавното обвинителство нема добиено документи и податоци за вистинската вредност на новата зграда и опремата во неа. И покрај барањето од Јавното обвинителство упатено до Службата за општии заеднички работи на Владата, која ги спровела сите активности за изградба на новиот објект, од таму само добиле податок дека зградата чини 866.263. ооо денари или 14 милиони евра.
Понатаму, ревизорите утврдиле дека и покрај зголемениот обем на работа, обвинителството кубури со работен кадар. Почнувајќи од први декември 2013 година, со новите одредби од Законот за кривична постапка, сите јавни обвинителства добија поголеми надлежности, односно севкупната предистражна и истражна постапка од судовите беше пренесена на јавните обвинителства. Но, и покрај тоа, во 2013 и 2014 година биле поднесени барања за добивање согласност за вработување на 325 лица, за кои Министерството за финансии дало согласност за обезбедени средства за вработување на само единаесет лица.
извор ДЗР
Како се бираат судските вештаци?
Ревизорскиот извештај откри уште една „фалинка“ во работењето на Јавното обвинителство на Зврлевски. Односно, спорен е начинот на кој се бираат судските вештаци кои ќе бидат ангажирани за случајот што го истражува обвинителството. Ревизорите утврдиле дека изборот го врши јавниот обвинител и тој одлучува кој ќе биде вклучен во постапката. Во Извештајот тие му укажуваат на Зврлевски да го преиспита моделот за избор на вештаците, со цел да се намали ризикот од субјективност при нивниот избор.
Обвинителите си одлучиле-кирија за службена стан од 300 евра
ДЗР објави дека обвинителството нема јасно дефиниран принцип за утврдување на висината на киријата на јавните обвинители кои користат службен стан, па во недостаток на закон или одредба, Јавното обвинителство си донело одлука со која јавните обвинители добиват кирија исто толкава, колку таа на заменици министрите односно 300 евра месечно. Сепак, обвинителството и покрај тоа што побарало од Владата да донесе конкретна одлука за утврдување на висината на киријата, одтаму се уште нема добиено повратен одговор.
Ревизија на финансиското работење на Јавното обвинителство е извршена по пауза од пет години. Последната контрола од ревизорите е направена во 2009 година, кога државен Јавен обвинител бил Љупчо Шврговски. Постои „дупка“ од пет години, па затоа во последниот Извештај, државните ревизори наведуваат:
„За финансиските извештаи на ЈОРМ за 2014 изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Не е вршена ревизија нитуе издаден било каков извештај на ЈОРМ за годините кои и претходат на годината која е предмет на оваа ревизија.“
Марко Зврлевски беше именуван за јавен обвинител на РМ на 25 јануари 2013 година. Неговиот мандат трае шест години. За овие три години тој постојано е на мета на опозицијата и на организациите за човекови права дека криминалот го гони селективно и работи исклучиво под владина директива, а неговото име беше споменувано и во една од „бомбите“ на СДСМ.
М.Ј.

Слично