ЈАВНИ НАБАВКИ: Уривањето дивоградби некои општини ги чини двојно повеќе
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од од април до јуни 2014 година-Квартален извештај бр.22, како и Индексот на рационалност бр.11.
Некои од клучните наоди од мониторингот на постапките за јавни набавки се:
- Сопрен е неколкугодишниот пад на бројот на жалбите доставени од фирмите до Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН). Во првото полугодие од 2014 година се доставени 330 жалби што претставува зголемување за 13,4% во однос на истиот период лани. Воедно, за првпат по неколку години, во донесените решенија на ДКЖЈН доминираат одлуки за прифаќање на жалбите.
- Голем дел од фирмите кои учествуваат на тендерите не успеваат со своите понуди да стигнат до фазата на евалуација. Притоа, причини за отфрлањето на нивните понуди се административни пропусти, како и неисполнување на поставените услови во тендерската документација.
- Новите законски решенија кои стапија на сила од јануари 2014 година ги дадоа очекуваните резултати во однос на намалување на преговарањата без претходно објавување на оглас, но сè уште се неефикасни во однос на намалување на поништувањата. Во вториот квартал од 2014 година со преговарање се склучени договори во вредност од 10,5 милиони евра, а поништени се 22,4% од огласените тендери.
- електричната енергија е купувана по цени кои се движат од 3,46 денари до 6,25 денари за 1 KWh, со што највисоката цена е за дури 81% повисока од најниската;
- вакцината против тетанус од 0,5 мл ги чинела здравствените институции од 37,14 до 74,87 денари, со што највисоката цена е за 102% повисока од најниската;
- асфалтирањето улици ги чинело општините од 757 до 1.239 денари за м2, што значи дека највисоката цена е за 64% повисока од најниската;
- ангажирањето механизација за уривање бесправно изградени објекти (камион со дигалка од 8 тони) ги чинело општините од 2.588 денари до 7.678 денари за 1 час, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 2 пати поголема од најниската цена и
- ангажирањето работници за уривање бесправно изградени објекти ги чинело општините од 177 до 512 денари за 1 час, со што највисоката цена е за 189% повисока од најниската.
Слично
