Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавната администрација да се ослободи од политиката

Јавната администрација да се ослободи од политиката
Јавната администрација треба да биде професионална, ослободена од политика, ефикасна, беше кажано денеска на јавната расправа на тема „Итни реформски приоритети за Република Македонија-Деполитизација на јавната администрација“ организирана од собраниската Комисија за европски прашања. Таа треба да работи за развој на земјата и да биде сервис на граѓаните. „Јавната администрација треба да биде локомотивата на патот кон Европската Унија, но таа е многу болна, затоа што не е деполитизирана“ - вели пратеничката Лидија Димова. Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Томовска Арсовска објасни дека се донесени два системски закона, усогласување со повеќе други, објавување каталог на работни места, воспоставување систем на надоместоци и плати, објавен е број на вработени. Се води евиденција на вработените во јавниот сектор, се воведува планирано вработување една година однапред, обезбедени се електронски услуги и друго. „Оставнува да поминат неколку години системот да заживее и да се видат првите резултати од реформите. Дотогаш сите треба да останеме посветени на целосна имплементација на законските решенија нешто на што инсистираат и нашите европски партнери“-вели Томовска Арсовска. Бројот на вработени во јавната администрација минатиот месец изнесувал 127.138 лица. Постои можност за увид во евиденцијата на вработени, така  што секој вработен може да провери дали него го има во евиденцијата.
Слично

Поврзани вести