Јавна понуда на акции во „Фустеларко Борец“ – Битола
АД „Фустеларко Борец“ - заштитно друштво Битола доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда.
Предмет на понудата се 9.513 обични акции кои претставуваат 11,71 проценти од вкупниот број на издадени акции од „Фустеларко Борец“ - заштитно друштво Битола. Вкупниот износ на емисијата е 11.415.600 денари, што подразбира дека продажната цена е 1.200 денари по акција.
Продажбата се врши заради усогласување со Законот за трговски друштва, одржување на стабилност на компанијата и заради прибирање на парични средства. Продажбата на сопствени акции по пат на јавна понуда ќе се смета за успешна ако се продадат најмалку 80 проценти од понудените акции на продажба.
Истовремено, Комисијата донесе Решение со кое на Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје му се проширува дозволата за работа, со што ќе може да врши инвестициско советување на клиенти.
Слично
