Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАВЕН ПОВИК за дизајнери, дизајн студија и маркетинг агенции за деловна соработка со компании од прехранбено-преработувачката индустрија

ЈАВЕН ПОВИК за дизајнери, дизајн студија и маркетинг агенции за деловна соработка со компании од прехранбено-преработувачката индустрија

Македонската асоцијација на преработувачи и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability - IME) повикуваат дизајнери, дизајн студија и маркетинг агенции да конкурираат на јавениот повик за поврзување со компании од прехранбено-преработувачката индустрија.

Јавниот повик се однесува на воспоставување на деловна соработка помеѓу претставниците на креативните индустрии и компаниите од прехранбено-преработувачката индустрија кој ќе биде овозможен преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост. Деловната соработка ќе опфаќа подготовка на комплетно продукт портфолио за компании од прехранбено-преработувачката индустрија (визуелен идентитет), ребрендирање на постоечки производи и лансирање нови производи под постоечки брендови.

Физичките и правните лица кои ќе се јават на повикот треба да достават:

  • Лична биографија и портфолио (за физички лица)
  • Портфолио на компанија (за правни лица)

Повикот е отворен од 11.08.2016 до 22.08.2016 година, а биографиите и портфолијата треба да бидат доставени на следниве адреси:

boban.cvetkovic@predaplus.eu

marjan.stepanovski@predaplus.eu

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IncreasingMarketEmployability - IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од  водечкиот партнер Swisscontact,  во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Целта на програмата е повеќе работоспособни мажи и жени, особено младите, да бидат ангажирани во одржливо, пристојно вработување или само-вработување и/или да заработуваат повисоки примања.

logoa-preda-swisscontact

Слично

Поврзани вести