ЈАВЕН ДОЛГ: Парите од задолжувањата не завршуваат во стопанството!
На крајот на третиот квартал нивото на вкупниот јавен долг се искачи на 4
милијарди и 750 милиони евра, што е рекордно ниво на јавниот долг. Податоците од
Министерството за финансии, покаажуваат дека
споредено со претходните години, јавниот долг од година во година расте.
Така 2007 долгот изнесуваше 25,8 % од бруто-домашниот производ, во 2008 да имаше
благо намалување на 23 % и потоа повторно почнува да се зголемува и сега достигн
50,6 % од БДП. Клучно за зголемување на јавниот долг беше годинешното
задолжување со еврообврзница од 450 милиони. Во новиот Буџет за 2017 година е
најавено ново задолжување на странските пазари со еврообврзница.
Светска банка во последниот извештај укажа дека земји во развој како што е Македонија, нивото н јавниот долг не треба да надмине 50 отсто. Но според новата Фискална стратегија 2017-2019 година, јавниот долг во 2019 година ќе достигне 56 отсто од БДП. Бизнисмените алармираат дека ваквото темпо на задолжување ќе има сериозни последици врз стопанството. Овие средства во ниту една мера не завршуваат во стопанството ниту има намера да се искориста за капитални проекти кои евентуално би донеле до заживувавње и на така кревката економија која во моментот ја име во Македонија, вели за Фактор, Фатмир Битиќу, од Стопанската комора на Северозападна Македонија.
„Според последните информации за јавниот долг кој по првпат го надминува прагот од 50%, поточно 50,6% на проектиран БДП од Министерството за Финансии (што не значи дека на крај на годината ќе имаме исти бројки за БДП за да се потврди висината на јавниот долг) сметаме дека е почетна основа за сериозна загриженост, особено од аспект на:
· По прв пат имаме зголемување на јавниот долг од квартал во квартал за повеќе од 5 процентни поени или во апсолутни бројки имаме зголемување на задолжување од 482 милиони евра. Ова задолжување е скоро целосно кон надворешен јавен долг (врз основа на еврообрвзници или друг основ, со многу неповолни услови);
· загриженоста треба да се земе во предвид затоа што трендот на задолжување и јавниот долг е во нагорна линија и не го следат економскиот раст кој што во секој квартал е во надолен тренд;
· Задолжувањето се заснова на покривање на непродуктивни расходи, кои во краток или среднорочен период не носат развој (покривање на стари заеми, буџетски дефицит и несоодветни планирани расходи);
Последно сметаме дека е ова директен удар на стопанството, затоа што во ситуација на намален економски раст, проблематична ликвидност како и ненаплатени договорни обврски помеѓу различните чинители – сметката за неадекватното задолжување го плаќа токму стопанството. Овие средства во ниту една мера не завршуваат во стопанството, ниту се има намера да се искористат за капитални проекти кои евентуално би придонесле за заживувавње и на и така кревката економија која во моментот ја имаме во Македонија.Со оглед на гореспоменатото, загриженоста на стопанството е дека јавниот долг може да биде уште поголем од овој кој што во моментот го имаме како податок, а тоа дефинитивно ќе не навлече во период на сериозни проблеми и забавен економски раст“, вели Битиќи.
Т.С
