Колку чини јавање на рингишпилските коњчиња?
Рингишпилот кој пред неколку дена беше поставен на плоштадот Македонија најверојатно ќе ги врти децата по цена од 45 денари за билет.
Во наредните денови ќе биде поставена билетарата и фискалната каса, а ќе се уредува и просторот околу новата содржина на плоштадот Македонија, пишува Курир.
Директорот на ЈП Паркови и зеленило Душан Авировиќ, вели дека се уште не е одреден денот кога рингишпилот ќе биде пуштен во употреба.
-Има дополнителни работи кои треба да се завршат. Треба да се постави билетарата, да се уреди просторот околу рингишпилот, бетонот да се премачка со боја... Сакаме целосно да ги завршиме дополнителните работи, па да биде пуштен во употреба, изјави Авировиќ .
-Цената ќе биде одредена во договор со директор на „Луна-парк“ Миодраг Атанасиевски од каде се задолжени за стопанисување со овој објект. Најверојатно ќе изнесува 45 денари, но се уште не е дефинирано- дополнително ќе се утврдува цената, додаде Авировиќ.
Слично
