ЈАТ ќе стане нискобуџетна компанија?!
Владата во Србија на почетокот на февруари треба да ги разгледа краткорочните мерки за спас на српскиот авиопревозник, пишува денешен „Блиц“.
Според весникот, работната група за анализа на состојбата и подготовка на предлози за стабилизација и заздравување на „Јат ервејз“ овие денови подготвува освен краткорочна, работи и на долгорочна стратегија за конечно решавање на прашањето за судбината на оваа компанија.
Мерките кои работната група наскоро ќе и ги понуди на Владата се однесуваат на тоа дали „Јат“ треба и натаму да биде национален авиопревозник или нискобуџетна компанија, тврди изворот на „Блиц“.
Исто така, појасно ќе се одреди и во однос на тоа што всушност е она што оваа компанија профитабилно може да го работи, дали е исплатливо да се размислува и натаму за интерконтинентални летови или ќе се преориентира на пазарот во опкружувањето.
Бројот на вработени во ЈАТ во моментот изнесува 1.300, а според најавите тој треба да се редуцира до 600 вработени.
