ЈАСМИНА ДЕЛЧЕВА: НЕ за екстерното – подршка за студентите!
НЕ за екстерно тестирање на Универзитетите, децидно ги подржувам студентите. Болоњскиот систем не дозволува екстерно тестирање, бидејќи се пренесуваат кредити. Ова е рушење на автономијата на Универзитетот, недоверба.
Ако е целта подобрување на квалитетот, огаш надлежните нека почнат прво со укинување на дисперзираните студии во секое село и ако имаат ингеренции нека направат поголема контрола и на приватните универзитети.
Се сомневам дека и за нив важат истите правила како и кај УКИМ. Студентите нас не оценуваат секоја година, во таа смисла сметам дека екстерното е непотребно. Точно е дека е опаднат квалитетот на универзитетите, но мора да се врати достоинството и на професорската фела и на студентите. Неопходни се корекции во повеќе сфери.
Јасмина Делчева, универзитетски професор
Слично
