„Јас сум личност дискриминирана од двете заедници“: Брнабиќ исвиркана на конференцијата Еуропрајд
Десетици ЛГБТ активисти ја пречекаа Брнабиќ со свирежи во Младинскиот центар во Белград
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вчера на конференцијата за човекови права во рамки на настанот Европрајд 2022 изјави дека „добро е да се разговара“ и дека таа е „веројатно единствената личност која е дискриминирана во двете заедници“. Како што пренесува N1 Србија, десетици ЛГБТ активисти со свирежи ја пречекале Брнабиќ во Домот на млади во Белград.
„Мислам дека е добро да се зборува и не мислам дека ова е дијалог и јас сум веројатно единствената личност која била дискриминирана од двете заедници и првата жена политичар во оваа земја и регион која не се плашела и не ми било срам што сум ЛГБТ. Ова е мојата борба“, рече премиерката на Србија.
„Давам се од себе, ја зголемив видливоста на заедницата“
Активистите во конференциската сала извикуваа „Гордоста е протест“, „Ги сакаме нашите човекови права“ и „Сакаме гордост“ и ја исвиркаа премиерката. Таа им порача да престанат да критикуваат, пренесува N1 Србија.
„Давам се од себе, ја зголемив видливоста на заедницата и ако барем еден човек се чувствува подобро. Ги поместувам границите за барем еден метар, правете го истото и сите ќе бидат исти, престанете да критикувате. Се дадов себеси нема друго право освен тоа што го имате и вие, а тоа не се многу права, се согласувам. Не сум оженета. Не можам да се омажам, живеам во нерегистрирано партнерство, не можам да посвојам дете“ , изјави Брнабиќ.
„Никој не може да ве спречи да шетате“
На извиците на активистите „Ќе шетаме во сабота“, Брнабиќ одговори: „Никој не може да ве спречи да одите, тоа е основно човеково право“.
„Немаше да бидеме овде денес да не го потпишав писмото за поддршка. Немаше да го имате Прајд како што го имате од 2014 година, кога партијата на која припаѓам го обезбеди тоа во Белград и Србија. Овде ги поместуваме границите затоа што ова е прва Европрајд во Југоисточна Европа“, рече Брнабиќ.
Активисти ја задеваа премиерката дека „нејзината полиција го забранила Прајд“.
Морам искрено да кажам, задоволна сум бидејќи Белград е избран да разговара за овие проблеми“, изјави Брнабиќ. На коментарите од публиката дека државата попуштила пред насилниците од екстремно десничарските организации, Брнабиќ одговори: „Ќе видиме“, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).
