ЈАРЕЦ ОД ВРАЊЕ СТАНА ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - успешно им бегаше на работниците, дури ни мамката со козите не успеа (ВИДЕО)
До скoро сите го бараат пантерот низ Војводина, а деновиве почнаа да бркаат и голем јарец низ Врање. Избеганиот јарец со значителна големина направи вистински хаос по улиците на Врање, а поради начинот на кој работниците од комуналното претпријатие го ловеле и фатиле, стана вистински хит на социјалните мрежи.
Работници на Јавното комунално претпријатие од Врање станаа интернет сензација поради клиповите што се појавија на социјалните мрежи. Имено, тие се обидувале да го фатат јарецот, што, судејќи по видеото, им направило многу мака при уловот.
Снимката покажува како трча и им бега јарецот на работниците, со клик на снимката подолу, може да ги видите и коментарите на Врањанци на Фејсбук.
По неколку неуспешни обиди, „Врањскиот Пантер“ сепак бил фатен благодарение на козите. Прекарот на јарецот дошол по ловот на пантерот во Апатин, Војводина, а сега жителите на Врање се шегуваат дека и они имаат „пантер“ за трка.
Набргу откако започна операцијата за фаќање, луѓето почнаа да го снимаат фаќањето, а на социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како невообичаено големиот јарец успешно им побегнува на работниците, кои обилно се потеле додека да го фатат.
Едно видео покажува како работниците кои мислеле дека нивната голгота завршила кога козите мирного донеле јарецот до камионот, но... кога козите влегле внатре, јарецот сепак решил уште малку да „шета“ низ градот, а операцијата на фаќање продолжила.
