Јапонско-француски конзорциум ќе ја гради втората атомска централа во Турција
Турција ја избра јапонската компанија „Мицубиши“ и француската „Арева“ за изградба на втора атомска централа во земјата, објави јапонскиот бизнис весник „Никеи“, пренесе ДПА.
Се очекува проектот, што ќе вклучува четири реактори со вкупна моќност од 4,5 милиони киловати, да чини 22 милијарди долари.
Се планира втората турска нуклеарна централа да биде изградена во округот Синоп на Црно Море. Изградбата треба да почне во 2017 година и да заврши во 2023 година.
Турското Министерство за енергетика и природни ресурси ја информирало јапонската Влада за својата одлука.
Компании од Кина, Канада и Јужна Кореја исто така учествуваа на тендерот.
Првата турска атомска централа ќе биде изградена од Русија во близина на средоземноморскиот град Мерсин, во Акујо. Почетокот на градежните работи ќе почне во средината на 2015, а централата веројатно ќе почне со производство на електрична енергија во 2019 година.
