Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонските авто-брендови со многу пари до беспилотни технологии

Јапонските авто-брендови со многу пари до беспилотни технологии

Јапонските автомобилски гиганти сериозно ќе се вмешаат во трката за развој на беспилотни возила кои може да се управуваат делумно или целосно автономно без интервенции на возачот. Затоа се предвидени вкупни инвестиции од 22,5 милијарди долари во наредната фискална година. 

Според јапонскиете медиуми 13,4 милијарди долари, ќе потроши најголемиот јапонски автомобилски концерн „Toyota“. „Honda“, предвидува да одвои 6,7 милијарди долари, што е 9,4% повеќе од износот за минатата финансиска година.

Сериозен раст на инвестициите предвидуваат и во „Subaru“, каде подготвиле 1,2 милијарди долари за создавање на слични технологии. Кај овој производител зголемувањето е со 17,3%. Слични намери имаат уште „Suzuki“ и „Mitsubishi“, додека во „Nissan“ ќе ја одделат истата сума која ја потрошиле и во 2016-та година.

Владата на Јапонија предвидува во 2030-та година секој петти автомобил, движејќи се по патиштата да има систем за автономно движење. Се очекува уште во 2020-та година беспилотните возила да добијат дозвола за движење во одделни области, а во 2025-та година тие ќе формираат целосен внатрешен пазар.

Засега најголем напредок во безпилотните технологии има Tesla Motors во чии возила има софтвер кој му асистира на возачот при управување, а може сам да паркира или да излегува од гаражата. Најголеми очекувања има од Google чиј проект Waymo ветува целосно независно возило кое може да се пушти во сообраќај.

Слично

Поврзани вести