Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ПЛАНИРА ГОЛЕМ РЕЗ - Нисан ќе го продаде седиштето, ќе отпушти 15 проценти од вработените

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ПЛАНИРА ГОЛЕМ РЕЗ - Нисан ќе го продаде седиштето, ќе отпушти 15 проценти од вработените

Јапонскиот производител на автомобили Нисан во вторникот соопшти дека го продава своето седиште во Јокохама за околу 540 милиони евра.

Нисан, исто така, објави загуба од 1,2 милијарди евра во првите два квартала, без прогноза за нето добивка за целата фискална година.

Компанијата објави добивка од околу 100 милиони евра во истиот период минатата година.

„Овој потег одразува дисциплиниран пристап кон капиталната ефикасност, активирање на вредноста од неосновните средства за поддршка на трансформацијата во текот на предизвикувачките години“, се вели во соопштението на компанијата за продажбата.

Нисан соопшти дека отпушта 15 проценти од својата работна сила, или 20.000 работници низ целиот свет, и ја затвора својата главна фабрика во Јапонија.

Сите јапонски производители на автомобили ги трпат последиците од царините на американскиот претседател Доналд Трамп.

Нисан се бори да се врати на профитабилност откако објави загуба од речиси четири милијарди евра во фискалната година што завршува во март.

Оттогаш, продажбата на „Нисан“ се намали за речиси седум проценти на 31 милијарда евра (36,1 милијарди долари) до септември.


Глобалната продажба на возила на „Нисан“ во првата половина од годината се намали, особено во Јапонија, но продажбата во Кина и САД се подобрува.

Компанијата вели дека се работи на нови модели и се очекува дека ќе ја зголемат продажбата.

Новиот извршен директор на компанијата, Иван Еспиноза, кој ја презеде функцијата на почетокот на годината, рече дека „Нисан“ ќе се фокусира на закрепнување во наредниот период.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести