Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонија воведе дополнителни санкции за Русија

Јапонија воведе дополнителни санкции за Русија

Јапонската влада денеска одобри дополнителни санкции против Русија, замрзнувајќи ги средствата на 51 група и 14 поединци поради тековната војна во Украина.

Како што изјави Министерството за надворешни работи на Јапонија, ова се првите санкции на Јапонија против Русија од јануари, објави Кјодо.

„Ја донесовме одлуката, бидејќи руската инвазија на Украина сè уште е во тек“, изјави портпаролот на јапонската влада, Јошимаса Хајаши, на прес-конференција.

Владата соопшти дека замрзнувањето на средствата се однесува на 47 групи и девет лица во Русија, како и на една група и пет лица во источна и јужна Украина, за кои се верува дека се вклучени во дестабилизацијата на Украина.

Замрзнувањето на средствата се однесува и на три групи на други места.

Јапонија, исто така, воведе забрани за извоз на 11 групи, вклучувајќи ги и оние со седиште во Русија, Кина и Турција.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести