Јапонија со рекордно ниска трговска размена
Јапонија во септември забележа најлоши резултати во трговијата со остатокот од светот за тој месец во последните 30 години, покажаа официјалните податоци. Падот на трговската размена се се должи во главно поради забавувањето на глобалниот економски раст и територијалните судири со НР Кина. Третото по големина светско стопанство тешко успева да зајакне од земјотресот и цунамито од март 2011 година, а исто така трпи штета од должничката криза во еврозоната, забавениот раст на побарувачката во НР Кина и силниот јен.
Слично
