Јапонија и ЕУ заеднички во „борба“ против Трамп
Јапонија и Европската унија постигнале договор за слободната трговија помеѓу две економии, кои се меѓу најголемите во светот.
Тие на тој начин го сигнализирале своето противење на она што го сметаат за протекционистичко заобиколување на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Потпишан во Брисел во предвечерието на состанокот со Трамп на самитот Г20 во Хамбург, овој „политички договор“ е претежно симболичен, бидејќи некои области во преговорите допрва треба да се завршат, иако претставници инсистираат на тоа дека клучните препреки оваа недела се надминати, пренесе Ројтерс.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјавил дека договорот го заклучиле на состанокот со јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој се наоѓа во посета на Брисел, и претседателот на ЕК Јункер.
„Успеавме. Ги заклучивме политичките и трговските врски помеѓу ЕУ и Јапонија. ЕУ се повеќе и повеќе е глобално ангажирана“, рекол Туск, пренесува британската агенција.
