Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонија го шокираше светот-донесе историска одлука!

Јапонија го шокираше светот-донесе историска одлука!

Банката на Јапонија воведе негативна каматна стапка со цел да и помогне во опоравувањето на третата најсилна светска економија.

Банката соопшти дека на комерцијалните банки ќе им наплаќа 0,1 одсто на некои депозити оставени во централната банка, надевајќи се дека со тоа ќе ги поттикне да даваат повеќе позајмици и ќе ги стимулираат инвестициите и развојот.

Тоа е прв пат Банката на Јапонија да воведе негативна каматна стапка, а тој изненаден потег веднаш имаше влијание на финансиските пазари.

Јапонскиот индекс „Nikei 225“ кој во средината на денот паднал на околу 0,8 одсто пораснал за 2,8 одсто на крајот на денот, а вредноста на јапонскиот јен паднала од 118,50 на 120,4 јени за долар.

Банката на Јапонија соопшти дека ќе подели депозити во три категории кои ќе имаат позитивна, нулта и негативна каматна стапка.

Мерката ќе биде на сила колку биде потребно да се остварат целните два одсто инфлација, а рокот за остварување на таа цел во меѓувреме е поместен од крајот на 2016 на средината на 2017.

Стапката на инфлација во Јапонија, без нечести цени на храната, била 0,5 одсто.

Слично

Поврзани вести