Japan Tobako ја купи една од најголемите руски компании
Компанијата Japan Tobako постигнала договор за купување на рускиот Donskoy Tabak за околу 90 милијарди рубљи или 1,56 милијарди долари.
Компанијата сака да ја зајакне позицијата на пазарот на тутун во светот.
Јапонската компанија соопштила дека Donskoy Tabak ќе го зголеми уделот на рускиот пазар на 40%.
Инаку Donskoy Tabak, со околу 7% пазарен уден е четврта тутунска компанија во Русија.
Japan Tobako пак е трет производител на цигари во светот а во последно време склопуваат прекуморски партнерства поради намалување на продажбата на цигари во Јапонија.
Слично
