Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНУАРИ ГИ „НАБИЛДА“ МИНУСИТЕ НА КАРТИЧКИТЕ: Најпотрошувачкиот месец се одрази и на сметките

ЈАНУАРИ ГИ „НАБИЛДА“ МИНУСИТЕ НА КАРТИЧКИТЕ: Најпотрошувачкиот месец се одрази и на сметките

Граѓаните им должат на банките на минусни салда на своите трансакциски сметки над 104 милиони евра. Сумата е за над 8 проценти поголема споредена со претходниот месец, односно со декември лани и е најголемата месечна промена ако се споредуваат сите видови заеми односно кредити кои ги даваат банките. Големиот скок се должи на сезонските промени, односно навиките на граѓаните да трошат во одделни месеци, повеќе отколку во други. Зголемувањето на минусите во јануари се должи, значи, најмногу на зголемените трошења во овој месец. Инаку и според најновата статистика на Народната банка, најголем дел од позајмените пари, се кредити кои банкарите ги издале како потрошувачки.

По овој основ на банките им се должат на крајот на јануари над 1,7 милијарди евра, но оваа сума на месечно ниво е повисока за само помалку од еден процент. Сепак годишниот раст е значајно поголем или потрошувачките кредити во јануари се поголеми за 7,3 проценти споредено со ланскиот јануари. 

Исто така, ако се анализира од месец за месец минимален раст од 0,5  проценти е забележан и кај станбените кредити, вид заеми кои во последниот период се апсолутни лидери во зголемувањето.  На годишно ниво овие кредити растат со двоцифрени стапки или со над 15 отсто. Моментно, граѓаните им должат на банките за станбени кредити сума од 1,1 милијарда евра.

Од Народната банка соопштија дека во јануари, автомобилските кредити бележат месечен пад од 2,4 проценти и годишен од 16,4 проценти. Паѓаат и кредитите  на одобрени на кредитни картички но знајачно помалку од автомобилските. 

Генерално, вкупните кредити на домаќинствата, во јануари, не бележат промена на месечна основа. Во споредба со јануари 2021 година, кредитите на домаќинствата остварија раст за 7,8 отсто, којшто во услови на раст на кредитите во денари и во странска валута, во поголем дел се должи на растот на кредитите во денари. 

А.Т.

Слично

Поврзани вести