Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНУАРИ - НОEМВРИ: Koлкава беше покриеноста на увозот со извозот?

ЈАНУАРИ - НОEМВРИ: Koлкава беше покриеноста на увозот со извозот?

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2017, изнесува 74%. 

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Вредноста на извезените стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2017 година, изнесува 282 549 916 илјади денари и бележи пораст од 16.8% во  однос на истиот период од минатата година. 

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-ноември 2017 година, 
изнесува 381 606 496 илјади денари, што е за 12.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.  Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2017 година, изнесува 99 056 581 илјадa денари.  

Трговската размена по производи покажува дека во извозот e најголемо учеството на катализаторите на носачи со  благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно  согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и облеката. Во увозот најмногу се застапени  платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни  минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, не повеќе  обработувани од топло-валаните со ширина од 600 мм или повеќе, намотани. 

Во периодот јануари-ноември 2017 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

За споредба, покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2017 година изнесуваше 74.1%.

Слично

Поврзани вести