Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанша вели дека војната ќе заврши кога Украина ќе ја запре пенетрацијата на руските војници

Јанша вели дека војната ќе заврши кога Украина ќе ја запре пенетрацијата на руските војници

Русите вршат етничко чистење во Украина, вели словенечкиот премиер Јанес Јанша. 

Тој изјави дека некои акции на руската армија во агресијата против Украина го потсетуваат на етничко чистење.

„Она што се случува во Украина не е само војна, туку етничко чистење на украинските градови долж Црното Море“, рече Јанша. 

Тој ги спореди акциите на руската армија во кампањата во Мариупол со ситуацијата во БиХ, кога беа под опсада некои градови и таму имаше етничко чистење.

„Војната во Украина ќе заврши кога таа земја сама, со помошта што ја добива, ќе биде доволно силна да ја запре пенетрацијата на руските војници“, рече словенечкиот премиер. 

Тој вели дека дури тогаш ќе започнат вистински, сериозни преговори.

Според него, пренесе словенечката новинска агенција СТА, токму затоа на Украина треба да и се помогне во отпорот. 

Слично

Поврзани вести