Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанша вели дека ЕУ не сака проширување оти вака има евтини работници

Јанша вели дека ЕУ не сака проширување оти вака има евтини работници

Дел од европските лидери не сакаат проширување затоа што вака имаат евтини работници, вели словенечкиот премиер, Јанес Јанша. 

Рече дека ако не се шири ЕУ, ќе се шири некој друг. 

„Еден од европските лидери, нема да му го кажам името, во расправата дури кажа: зошто би ги внеле во Европската унија, кога вака ни се поевтини како работна сила“, кажа Јанша.

Тој објасни дека во некои постари членки преовладуваат тесноградоста и „националистичките интереси“. Јанша вели дека европскиот проект сè уште не е довршен, а многу земји кои би сакале да станат членки на Европската унија сè уште не се слободни. Населението од Балканот последните години мигрира во Германија каде се потребни работници.

Слично

Поврзани вести