Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанша вели дека ако жените во Авганистан се борат против Талибанците, тоа да го сторат и мажите

Јанша вели дека ако жените во Авганистан се борат против Талибанците, тоа да го сторат и мажите

Нема да дозволиме да се повтори стратешката грешка од 2015 година, вели словенечкиот премиер Јанез Јанша. 

Тој ја искоментира состојбата во Авганистан. 

„Европската унија нема да отвори никакви хуманитарни или миграциски коридори за Авганистан. Ќе им помогнеме само на поединците што ни помогнаа за време на НАТО операциите во Авганистан. И на членките на ЕУ што ја штитат нашата надворешна граница“, напиша тој на Твитер на словенечки јазик.

Додава дека ако жените можат да се организираат и да се борат против Талибанците во некои делови на Авганистан, тогаш тоа треба да го сторат и мажите. 

Според него, не е должност на Европската унија или на Словенија да им помагаат и да им плаќаат на сите на планетата што бегаат, наместо да се борат за својата татковина.

Словенија ќе прими максимум пет луѓе од Авганистан. 

Слично

Поврзани вести