Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанша соопшти дека гас ќе набавуваат од Алжир

Јанша соопшти дека гас ќе набавуваат од Алжир

Додека другите се во паника, Словенија има алтернатива за снабдувањето со гас. 

Договорот ќе биде потпишан наскоро, а тој обезбедува целосно снабдување со гас за помалку од една година.

„Словенија ќе го замени природниот гас од Русија со гас од Алжир, а подготвена е да ги активира и резервите на нафтени деривати доколку е потребно“, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша, а пренесува порталот Siol.net.

Јанша вели дека министерот за надворешни работи Анже Логар неодамна постигнал договор во Алжир што ќе и дозволи на Словенија да го земени природниот гас од Русија со алжирски.

Трансмедитеранскиот гасовод го поврзува Алжир со Италија. Алжир во Европа со танкери испорачува и течен гас до терминалите за ЛНГ.

Словенечката влада привремено ги замрзна цените на нафтените деривати на 30 дена. 

Норвешка, вториот најголем снабдувач на природен гас во Европа, објави чекори за одржување на производството на гас на максимално ниво за да и помогне на Европа да ја намали зависноста од рускиот гас, пишува Thelocal.no.

Норвешкото Министерство за нафта и енергија се согласи да ги прилагоди лиценците за производство на три офшор полиња - Осеберг, Трол и Хајдрун - за да можат да му дадат приоритет на производството на гас пред нафтата.

Слично

Поврзани вести