Јанша: Ако си замине владата, ситуацијата за шест месеци ќе биде потешка
Ако словенечката влада сега се расформира, некој ќе мора да се носи со уште потешка ситуација кога на ред ќе дојде наплатата на сметките, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша, одговарајќи на прашањата на пратениците во словенечкиот парламент.
Јанша пред парламентот вчеравечер изјави дека гледа две можности за излез од моменталната политичка криза во Словенија: или да се предложи нов претседател на словенечката влада или да се оддржат предвремени избори, откако ќе се спроведат неопходните реформи.
Како што јавуваат словенечките медиуми, Јанша, меѓутоа, нагласил дека без промени на изборниот закон Словенија е соочена со ризик секоја година да организира вонредни избори без вистински напредок кон политичката стабилност.
Одговарајќи на прашањето што мисли за извештајот на антикорупциската комисија која пред 20-тина дена го обивни дека ја криел својата реална имотна состојба, Јанша изјави дека членовите на таа комисија биле „отворено пристрасни“.
Политичката криза во Словенија кулминира по објавувањето на извештајот на антикорупциската комисија која ги обвини Јанша и првиот човек на опозицијата и градоналник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, за кршење на законот што се однесува на борбата против корупцијата и интегритетот на државните функционери, бидејќи не го пријавувале на транспарентен начин својот реален имот и банкарски сметки.
