Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета, состојбите се следат на дневна основа

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета, состојбите се следат на дневна основа

Мерката за намалување на ДДВ од 18 oтсто на 10 отсто на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме стандардот на граѓаните. Ова го оцени заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување на ТВ 24.

„Ги следиме работите, а факт е дека никој, па и од академската фела не знае кога ќе заврши конфликтот. Во Министерството за финансии имаме разработено неколку сценарија заедно со меѓуресорската комисија којашто е состaвена и од претставници од Министерство за енергетика, Министерството за економија и труд, Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Тие сценарија се разгледуваат и остануваат одредени таргетирани мерки коишто би можеле да се применат при евентуална можна ескалација на настаните на Блискиот Исток“, рече заменик-министерот.

Тој дополни дека во овој момент е активирана оваа мерка, но дека се размислува и на таргетирани мерки.

„Рано е да се прејудицира, но сепак целта е да се зачува животниот стандард на граѓаните. Имаме листа кои цени се зголемени и во кој обем. Пазарниот инспекторат е на терен и проверува дали влезните инпути ја диктираат таа продажна цена или има некои малверзации. Ги чекаме резултатите. Ако има нелогичности во тоа секако ќе се изречат и одредени казни“, рече Јанкуловски.

Посочи дека проблем со недостиг на горивата нема и дека во наредните 60 дена нема да се случи.

Потенцира дека Владата од почетокот е во комуникација и со бизнис секторот и со енергетските компании и со производителите на храна и дистрибутерите и оти ова не е адхок решение како во 2021 и 2022 година кога инфлацијата годишна беше 14 отсто. 

Слично

Поврзани вести