Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкуловски инаугуриран за нов ректор на УКИМ

Јанкуловски инаугуриран за нов ректор на УКИМ

Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски и официјално е новиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Јанкуловски функцијата ќе ја извршува во наредните четири години, со можност за реизбор.

На свеченост по повод неговата инаугурација денеска вети дека и во иднина УКИМ ќе биде најдобар универзитет во Македонија. Рече дека како ректор, нема лесна задача, туку голема обврска.

„Овој пат што ми претстои ќе биде вистински само ако го одиме заедно. Сите треба да го направиме Универзитетот уште позначаен и посилен, а тоа е повеќенасочна одговорност. Нашиот влог во иднината е премногу голем и значен и наша стратешка обврска е перманентен развој. Ве повикувам на конструктивна соработка за Универзитетот и во иднина да продолжи да се зајакнува и да предничи во државата“ – рече Јанкуловски.

Тој доаѓа на местото на Велимир Стојковски.  Јанкуловски  на 27 јуни е избран за ректор на УКИМ откако освои 43 гласа, а неговиот противкандидат, професорот Ненад Новковски освои шест гласа.

Слично

Поврзани вести