Јанкуловска: Заев ќе треба да ја докаже автентичноста на аудио-снимката
Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев ќе треба да ја докаже автентичноста на презентираните аудио снимки за кои тврди дека откриваат криминал поврзан со продажбата на „Македонска банка“ во кој наводно е инволвиран и премиерот Никола Груевски, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„За обвинувањата и клеветите изнесени од страна на Зоран Заев веќе е најавена тужба за клевета, така што Зоран Заев најверојатно и сосема извесно ќе добие можност да ја докажува автентичноста на снимката во постпката каде што ќе биде тужен за клевета“, рече Јанкулоска, одговарајќи на новинарско прашање.
Минатата недела државниот обвинител Марко Зврлески изјави дека се уште не е запознаен со случајот со објавените аудио-снимки и најави став по Велигденските празници.
Слично
