Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНКУЛОВСКА: Специјалното обвинителство се надмина себе си!

ЈАНКУЛОВСКА: Специјалното обвинителство се надмина себе си!

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска на Фејсбук го коментираше новиот случај „Тврдина”, кој специјалното јавно обвинителство го покрена против неа и службеници во МВР поради уништување на опремата со која се вршело нелегалното прислушување.

„Во обид повторно да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси. Отвориле истрага за расходувани неупотребливи предмети и наводна штета од цел еден денар!“. – напиша Јанкуловска.

Инаку, Во новиот случај „Тврдина”  осомничени се тројца началници од Одделот за безбедност и контраразузнавање при МВР, кои заедно со  поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска,на почетокот на 2015 уништиле средства за следење на комуникации.

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“ на СЈО ги направиле за да се ослободат од двата системи за прислушување вредни 10 милиони евра.

Според СЈО, наредбата ја дал првоосомничениот началник на Петтата управа во УБК- Горан Грујевски,  за да прикрие други лица кои незаконски прислушувале.

Слично

Поврзани вести