Јанкуловска оцени: Изборите беа мирни и демократски
Министерката за внатрешни работи гордана Јанкулоска ги повика заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и лидерот на Сојузот на Ромите Амди Бајрам нивните недоразбирања да си ги решаваат во постапка пред институциите. За полицијата било важно што заради инцидентот меѓу двајцата политичари не бил нарушен изборниот процес и не било прекинато гласањето во Шуто Оризари.
„МВР ги провери информациите од двете посочени страни, по што се покажа дека нивните тврдења биле спротивни. Констатирано е дека нема прекин на гласањето и нарушување на изборниот процес, ниту нарушување на јавниот ред и мир“, рече Јанкулоска.
Според министерката за внатрешни работи гласањето во првиот круг од претседателските избори вчера помонало во мирна, фер и демократска атмосфера, без посериозни нарушувања.
„Вчера ги имавме од безбедносен аспект најмирните избори и од аспект на интервенции на полицијата најмал број на случаи во историјата досега, кога полицијата воопшто требаше да излезе на терен да реагира, а уште помалку да интервенира“, додаде таа.
Утрово полицијата привела две лица на 30 и на 52 годишна возраст во Струмица за кои постоело сомневање дека извршиле повреда на слободата на определување на гласачи, така што вршеле притисок врз Ромите во ромското маало во Струмица во однос на нивното определување. Против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Слично
