Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкуловска на преговори со синдикатот – ќе се усогласуваат платите во полицијата

Јанкуловска на преговори со синдикатот – ќе се усогласуваат платите во полицијата
Ќе се корегираат платите во МВР, за да се усогласат со оние во државната администрација. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ги започна преговорите со Полицискиот синдикат, само еден ден откако премиерот Никола Груевски најави дека ќе има процес за усогласување на платите на полицајците и административците. „Тргнуваме пред се во етапно усогласување на структурата на платите во МВР за да бидат слични со основната плата на државната администрација, но и со примањата на полициските службеници во регионот. Прво  ќе следи стратегијата за корекција на плата по ранг со давање предност на најниските плати, а паралелно ќе се врши стандардизација на разликата на плати помеѓу ранговите и нивоата“, најави Јанкулоска.

Таа нагласи дека ќе се задржат и дотациите на плата утврдени според важечките процеси заради ризиците и специфичните задачи кои ја одвојуваат МВР од другите структури на јавната администрација.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Тихомир Климоски посочи дека МВР и сидникатот во најбрз рок ќе формираат работна група која прецизно ќе ги согледа отстапувањата на основната плата на полициските службеници од останатата јавна администрација во земјава и платите на полциските службеници во регионот и ќе изготви предлог динамика за нивно усогласување соодветно на спецификата за секоја поединечна служба, ранг и ниво во МВР.
Слично

Поврзани вести