Јанкуловска: Изгубивме 5 луѓе во битка со организирана терористичка дружина!
„Акцијата беше добро подготвена, и имавме добри разузнавачки информации, но за жал имаме ненадоместливи загуби. Се соочивме со силно организирана терористичка група со која водевме битка на тежок терен во тесни улички и куќички“, изјави вечерва на прес конференција министерката Јанкуловска.
„Акцијата беше тешка, никогаш потешка акција немале македонските безбедносни служби, одговори Јанкуловска на прашањето чија е одговорноста за 5 те жртви на страната на македонската полиција.
Прашана, дали акцијата можела да се одложи, таа рече дека немало простор за такво нешто.
Самата акција за расчистување се уште е во тек.
Јанкуловска нема информации за цивилни жртви, а не се знае бројот на жртвите на страната на терористите.
Од прес конференцијата не можеа да се дознаат точните мотиви на терористите, токму сега да направат упориште во кумановско.
Слично
