Јанкулоска за Сител: Партиско гласило на опозицијата прави забуна со пасошите
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ја отфрли можноста за фалсификување на македонските пасоши во илегална фабрика, за каква весникот „Фокус“ објави видео снимка и фотографии денеска.
Во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител, Јанкулоска нагласи дека македонските пасоши биле едни од најбезбедните документи, а додаде и дека не им недостасувале обрасци потреби за изготвување на патните исправи.
„Опозицијата преку нивното партиско гласило се обиде да доведе до одредени нејаснотии. Тешко е да се следи логиката на партиските гласила на СДСМ, а тешко и дека јавноста е убедена во она што го објавуваат“, рече таа, без да потенцира на што мисли со реченицата „партиско гласило“.
Јанкулоска додаде дека до сега до МВР немало пријава ниту од Државната изборна комисија ниту, пак, од друго тело дека на изборите било гласано со документи со, како што рече, нелегална содржина, но напомена дека полицијата стои на располагање за секоја аргументирана информација.
Инаку Фокус веќе ги предаде доказите во Јавното обвинителство, На следниот линк:
„ФОКУС“ ОТКРИВА: Илегална фабрика за македонски пасоши!
Слично
