Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкулоска: Тумбовски е осуденик во бегство и лаже

Јанкулоска: Тумбовски е осуденик во бегство и лаже
Загорац Тумбовски е лице осудено на шестгодишна затворска казна и е во бегство, а неговите обвинувања се чиста клевета, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, одговарајќи на обвинувањата на Тумбовски дека тој лично нејзе на рака и дал 500.000 евра како донација за партијата. „Од доказите кои имав можност да ги видам, станува збор за многу сериозен криминал кој тој го направил. Таа кривична пријава ги помина сите инстанци и Врховниот суд, и според информациите кои ги имам во моментов, тој е во бегство. СДСМ и Зоран Заев како ја водат кампањата се доведуваат во една ваква очајна ситуација бидејќи немаат што да им понудат на гласачите и граѓаните, а најтрагично е што медиумите кои се под контрола на СДСМ се доведуваат во една ситуација да го допрат дното во начинот на известување“, вели Јанкулоска. Таа вели дека сите клевети и навреди на кои сведочиме во оваа кампања, Зоран Заев и СДСМ, како и неговите соработници ќе имаат можност да ги докажуваат на суд. „Самиот факт што ударниот тандем на СДСМ е еден аболициран за криминал, а друг осуден за криминал, и тоа не за било каков, туку за фалсифакт и измама и што уште не, ви кажува кој им е кадровскиот потенцијал на оваа партија“, додава Јанкулоска.  
Слично

Поврзани вести