Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкулоска: Оставка се бара преку институционална процедура, а не на партиски митинзи

Јанкулоска: Оставка се бара преку институционална процедура, а не на партиски митинзи

Откако на синоќешната Трибина, опозицискиот лидер Зоран Заев ја повика министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да си даде оставка, таа вели дека опозицијата секогаш има легитимно право да бара оставка од Владата и од поедини функционери, меѓутоа постапката за барање оставка е институционална и таа оди преку Собранието а не на партиски митинзи.

Во својата политичка кариера, СДСМ и други политички партии, иницирале таква постапка, и во една демократска процедура соодветните институции се изјасниле за тоа. Секогаш кога се зборува за каква било одговорност, треба да се следи институционалниот пат на разрешување на проблемите“, вели Јанкуловска.

Министерката Јанкулоска потенцира дека опозицијата и Заев се соочени со сомневања за сторени тешки кривични дела, вршат активности спротивни на законските прописи во Македонија. Со помош на креирани материјали прибаваени на незаконит начин се обидува да создаде впечаток во јавноста кој не кореспондира со реалноста.

Министерката не размислува за оставка по снимките кои ги обелодени опозицијата, а во кои како што тврдат таа е директно инволвирана во повеќе кривични дела.

Слично

Поврзани вести