Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкулоска: Она што го прави Заев е невидено во светот, во светски стандарди и светски рамки!

Јанкулоска: Она што го прави Заев е невидено во светот, во светски стандарди и светски рамки!

Помина речиси еден месец откако лидерот на опозицијата Зоран Заев почна да објавува аудио разговори во кои според него се вршело масовно прислушкување на владини претставници, фукнционери, новинари , граѓани.

Министерката Гордана Јанкулоска денеска проговори што мисли за овие објавени снимки.

Таа одговарајќи на новинарски прашања потенцира дека материјалите кои ги поседува опозицијата незаконски се објавуваат, притоа децидно напоменува дека после објавените снимки се уште има легитимитет да биде министер за внатрешни работи.

Запрашана дали планира да понесе оставка, министерката Јанкулоска вели дека засега е најважно случајот да добие правна институционална завршница.

Таа не сакаше да ги коментира, како што рече, креираните материјали кои се објавуваат на незаконски начин и кои, според признанието на оној кој ги објавува, се прибавени на незаконски начин.

Доколку јас добијам покана од надлежните институции да дадам коментар, или мислење или изјава по однос на кој било аспект од оваа или некоја друга истрага јас стојам на располагање и тоа ќе го направам, рече Јанкулоска, одговарајќи на новинарското прашање дали си го препознала гласот во објавените прислушувани разговори.

На прашањето дали чувствува политичка одговорност во однос на фактот што безбедносниот систем е пробиен, Јанкулоска потенцира дека како раководство на МВР, меѓутоа и како Влада на Република Македонија секогаш се прават максимални напори во доменот на надлежностите да се преземат мерки и активности во функција на подобрување и на безбедносната состојба и во зацврстување на темелите на безбедносниот систем.

Ова што го прави лидерот на опозицијата е нешто невидено во светот, во светски стандарди и светски рамки посочи министерката одговарајќи на прашањето дали е доведена во прашање безбедноста на земјата доколку продолжи објавувањето на вакви аудиоснимки.

Кога беше запрашана министерката дали уште полицајците спијат на кревети од ЈНА, Јанкулоска ја коментираше состојбата во МВР, при што подвлече дека никогаш како сега не било толку многу инвестирано во обезбедување опрема и во обезбедување средства за работа на полицијата.

Слично

Поврзани вести