Јанкулоска негира вина, тврди оти професинално работела во МВР
Со негирање на било каква вина, заврши распитот на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која денеска беше на распит во Основниот суд .
Јанкулоска истакнала дека е сосема спокојна, бидејќи не сторила никакво кривично дело и додаде дека во периодот кога била министерка, раководела професионално со МВР .
Јанкулоска одбивала да одговори на новинарските прашања за тоа како била уништена опремата, меѓутоа, како што јави НОВА ТВ таа ја обвинила дека Специјалното обвинителство уште еднаш покажало дека работи како продолжена рака на СДСМ и дека тоа се докажало со досегашните активности на СЈО кое отварало предмети само против функционери од владејачката партија.
Таа е трето осомничено лице и се товари за уништување опрема за прислушување заедно со директорот на Петтата управа Горан Грујевски.
Поп Стефанија, иако го оспори Специјалното јавно обвинителство сега со обвинител ќе треба да ги сослушува осомничените по налог на судот.
Судиите од Кривичен, одлуката за одбивање на притвор за Горан Грујевски и ја укинаа и цел предмет го вратија во одделението на судиите од претходна постапка.
На првиот судија на сред распит на Јанкулоска му се слоши, а потоа претседателот Ѓорѓе Иванов прогласи аболиција. Откако Иванов ја повлече аболицијата, предметите продолжуваат.
