Јанкулоска: Не чуствувам вина за предметите на СЈО против мене!
Екс министерката Гордана Јанкулоска по денешното појавување во Судот, каде требаше да ја слушне одлуката дали и се одзема патната исправа го даде и својот прв коментар кој се однесува на случаите за кои ја товари Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Некогашната прва дама на МВР вели дека не чуствува никаква вина.
„Јас не сум сторила никакво кривично дело по однос на случаите кои СЈО веќе ги најави со отворање истраги, ниту пак по било кој друг предмет што може ќе го конструираат. Кога не сте сторител на кривично дело нема потреба да се чувствувате виновен и јас не се чувствувам виновна ниту по првиот, ниту по вториот случај. Додека бев на функција јас работев чесно и поштено, само во интерес на Македонија“, децидно одговори таа.
аа не сакаше да ги коментира одлуките на Судот.
„За денешното рочиште да оставиме судот сам да си каже и да ја извести јавноста. Јас очекувам СЈО да отвори случаи, затоа што тоа е нивна мисија и тоа е нивна политичка агенда. Не е прашање колку случаи ќе отворите, туку колку и на кој начин ќе ги затворите, а за сето тоа останува судот да одлучи како ќе бидат тие предмети затворени“, потенцирала екс мнистерката.
СЈО ја сомничи Јанкулоска во две истраги, „Титаник“ и „Тврдина“ и побара да ѝ бидат изречени мерки за претпазливост, одземање на патната исправа, јавување во судот и забрана за напуштање на живеалиштето.
