Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкулоска има спремно решение – како ќе изгледа пасошот со новиот грб?

Јанкулоска има спремно решение – како ќе изгледа пасошот со новиот грб?
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил објави идејно решение за тоа како би можел да изгледа новиот македонски пасош доколку биде усвоен новиот државен грб што го предлага Владата. Иако не се работи за официјален предлог, туку за можно решение изработено со Фотошоп, сепак Јанкулоска над сликата коментира: „Убаво ќе го личи“. Фотошоп илустрацијата прикажува како би изгледал македонскиот пасош доколку досегашниот државен грб е заменет со црвен лав на златно-жолта позадина според предлогот на Владата, кој наскоро треба да се најде на јавна расправа и пред Собранието. Токму трошоците што ќе ги предизвика промената на државниот грб се клучното прашање што го поставуваат граѓаните по објавата на информацијата дека еден од основните симболи на државата ќе се менува. Во своите коментари на социјалните мрежи тие се посебно заинтересирани дали промената на грбот ќе ги „удри“ по џебот преку промена на сите лични документи. Државниот грб на Република Македонија се менуваше последен пат пред пет години, кога од него беше отстранета ѕвездата петокрака, но тогаш граѓаните немаа обврска да ги менуваат документите додека не им истече рокот за да не се изложуваат на дополнителни трошоци. 10845951_10152390556581682_3154544341304984772_n
Слично

Поврзани вести