Јанкулоска и Грујевски утрово на распит кај Поп Стефанија
Во Основниот суд Скопје 1, треба да почне распитот за екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и останатите тројца осомничени во случајот “Тврдина“ за кои се бараат мерки за претпазливост.
Сите се товарат за уништување опрема за прислушување. Поп Стефанија, иако го оспори Специјалното јавно обвинителство сега со обвинител ќе треба да ги сослушува осомничените по налог на судот.
Судиите од Кривичен, одлуката за одбивање на притвор за Горан Грујевски и ја укинаа и цел предмет го вратија во одделението на судиите од претходна постапка.
На првиот судија на сред распит на Јанкулоска му се слоши, а потоа претседателот Ѓорѓе Иванов прогласи аболиција. Откако Иванов ја повлече аболицијата, предметите продолжуваат.
