Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкулоска и Груевски денес сведоци пред Анкетната Комисија

Јанкулоска и Груевски денес сведоци пред Анкетната Комисија

Откако го откажа првото сведочење, денеска Премиерот Груевски треба да се појави на сослушување пред Анкетната комисија за прислушувањето.

„Друштво денес ќе му прави“ и поранешната министерка Гордана Јанкулоска. Таа пред пратениците треба да сведочи во 11ч , додекa Груевски во 12ч.

Сослушувањето ќе се одвива зад затворени врати за јавноста бидејќи како што информираа од комисијата ќе имало доверливи информации кои не требало да бидат достапни за јавноста.

На листата сведоци на ВМРО-ДПМНЕ беа премиерот Груевски, вицепремиерот Ставрески и поранешната министерка за внаатрешни работи Јанкулоска, а на листата на СДСМ се Мијалков, Јанакиески и Протуѓер.

Сведоците по своја волја треба да дадат искази за фактите, околностите, меѓутоа и за содржината и нивната политичка одговорност за објавените прислушувани разговори.

Анкетната комисија содржи сум членови од ВМРО-ДПМНЕ, четири на СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен, и истата беше формирана како обврска од договорот од Пржино а целта е да ја дефинира политичката одговорност поврзана со прислушувањето и содржината на објавените материјали.

Слично

Поврзани вести