Јанкулоска го негира Заев, МВР вработува законски
После вчерашната 20-та по ред „бомба“ на опозицијата во која, според тврдењата на опозицијата и лидерот Заев, се договараат партиски вработувања во јавната и државната администрација , министерката Гордана Јанкулоска, која е најчест спомнуван лик во наводно прислушуваните разговори го негира Заев и вели дека тој е лицемерен.
Јанкулоска е без коментар за аудио разговорите и според неа истите се сечени, лепени, креирани и монтирани.
- Доколку некоја институција достави налог за испитување на одредени материја во процедура, која е законска, МВР секако ќе постапи, според која се работи за креирани материјали кои треба да создадат фиктивна реалност.
Таа нагласува дека полицијата има опрема со која може да изврши вештачење и проверка на автентичноста на снимките, но потенцира дека полицијата ги следи правните процедури и нема да се стави во функција на некоја политичка партија.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/14/video-sdsm-partiska-kontrola-za-dobivane-na-rabota/" target="blank" ](ВИДЕО) СДСМ: Партиска контрола за добивање на работа[/button]
На обвинувањата кои објавените бомби ги насочуваат кон неа, таа вели дека на Заев му е страв од истрагата за „Пуч“.
