Јанко од Скопје знаењето од Универзитетот Шефилд ќе го преточи во бизнисот
Јанко Дракулоски од Скопје викендов беше еден од студентите кои го комплетираа своето образование на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ во Солун.
Тој како дипломец од МБА програмата, ја исполни целта која ја постави пред себе да го надгради софтверското знаење кое што го има стекнато со менаџерски вештини, за да може успешно да го води својот бизнис.

Тој Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд го избрал затоа што овој факултет котира високо, но и поради стипендиите кои државата ги обезбедува за успешни студенти и близината на Солун.
Плановите на Јанко Дракуловски се стекнатото искуство и знаење да ги примени во бизнисот во Македонија.

-Имам приватна фирма и планирам да го доразвивам и надградувам бизнисот во Скопје-кажа Јанко.
Свечениот чин и специјалната церемонија на дипломирање од кои дел беа и и бројни македонски студенти од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ во Солун се одржа во саботата.
И. С.
