Јанaкиески ќе разговара со Еуроконтрол за зголемување на прелети над Македонија
Изнаоѓањето начин за зголемување на бројот на прелети над македонското небо ќе биде главна тема на денешната средба меѓу министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Еуроконтрол, Франк Бренер. Ова го најави министерот Јанакиески во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Министерството за транспорт и врски.
“За нас побитно е да се зголеми бројот на патниците на македонските аеродроми, но секако еден од приоритетите ни е и зголемување на бројот на прелетите над Македонија“, рече Јанакиески и додаде дека очекува бројот на патници на аеродромите годинава да биде над еден милион.
Како причина за намалување на бројот на прелетите во 2012 година во однос на претходната 2011 го истакна затвореното небо над Косово и во некои други земји во околината.
Нагласи дека ќе се обидат преку намалување на цената да го зголемат бројот на прелети и додаде дека на средбата нема да стане збор за намалувањето на платите на вработените во М-НАВ, бидејќи, како што рече, тоа е наше внатрешно прашање
Слично
