Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанез Јанша проневерил 200.000 евра?!

Јанез Јанша проневерил 200.000 евра?!
Кривична пријава против Јанез Јанша поднела Група 29, врз основа на неодамнешниот извештај на антикорупциската комисија во која се тврди дека тој има непријавен имот во вредност од најмалку 200.000 евра и бара апсење на словенечкиот премиер. Борис Гривич, претседателот на групата вели дека  податоците што минатата недела ги објавила антикорупциската комисија, укажуваат на тоа дека Јанша имотот го стекнал со поткупување, незаконско работење и злоупотреба на службената позиција. Гривич додал дека групата бара Јанша да биде уапсен поради ризикот тој да ја попречува доказната постапка и да изврши нови кривични дела. -Ако ова го споредиме со стандардите според кои беа апсени младите демонстранти за време на протестите во Марибор, не би требало да има никакви проблеми околу апсењето на Јанша“, кажал Гривич алудирајќи на десетиците демонстранти уапсени во декември.
Слично

Поврзани вести