Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанша: Нe ни треба Европа за да излеземе од кризата

Јанша: Нe ни треба Европа за да излеземе од кризата
Премиерот на Словенија Јанез Јанша потенцира дека на неговата земја не е потребен пакет помош од ЕУ, наспроти тешката банкарска криза, која ги вознемири инвеститорите и доведе до политички спорови. Јанша порача дека Словенија може сама да ја надмине заканата од банкрот, така што по куса постапка ќе усвои закон за банкарска реформа и ќе купи три до четири милијарди евра лоши кредити од државните банки. Загриженоста ја дополнува и новиот раст на инфлацијата која во септември на годишни ниво порасна на 3,3 од 2,9 од претходниот месец. Пресметките се направени врз основа на растот на цените во хотелите и рестораните, како и поскапувањето на цигарите и алкохолните пијалоци, соопшти Заводот за статистика во Љубљана. И на месечно ниво, потрошувачките цени овој месец поскапеа за 1,1 % во однос на растот од 0,7 % од август.
Слично

Поврзани вести