Јанез Јанша испратен во затвор со аплауз
Аплауз и солзи - вака поддржувачите на поранешниот словенечки премиер и лидер на опозицијата Јанез Јанша попладнево го испратија политичарот во затворот Доб, каде што треба да издржува затворска казна од две години за аферата Патрија.
Јанша го испрати и неговата сопруга, која беше видно емотивно потресена и не успеа да ги скрие солзите, јавуваат словенечките медиуми.
Поранешниот словенечки премиер е осуден за примање поткуп при набавката на оклопни возила од страна на финската компанија „Патрија“.
(ФОТО) Јанша се пофали на Твитер – го бараат во затвор!
Пресудата може да ја укине Врховниот суд, до кој е поднесена претставка, но оваа судска инстанца уште не донела одлука.
Јанша до последен момент ја оспорува пресудата против него и негира каква било инволвираност во оваа афера. Тој смета дека целата постапка против него се водела политички. Во истото веруваат и неговите приврзаници, кои денеска го испратија до портите на затворот со извици на поддршка, но и на протест.
Слично
