Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНЕВА ВО АКЦИЈА: Имаме докази за изборни измами, следат нови обвиненија!

ЈАНЕВА ВО АКЦИЈА: Имаме докази за изборни измами, следат нови обвиненија!

Со досегашните докази што ги обезбедило Специјалното обвинителство можат да се докажат обвиненија за изборни нерегуларности, тврди специјалната обвинителка Катица Јанева, која ги прогласи за нелегитимно избрани претседателот на државата, пратениците и Уставниот суд.

Јанева најави дека случајот „Титаник” во кои се осомничени повеќемина за злоупотреби поврзани со изборите, ќе го прошири и ќе бидат опфатени и други лица.

„Се работи за осомничени лица за изборни нерегуларности во 2011, 2012 и 2013 година. Самите истраги за овие лица, кои биле и се на високи позиции во Владата и доказите со кои располагаме докажуваат 80 отсто од обвинението со кое имаме намера да настапиме. Јас лично, а и членовите на мојот тим, сметаме дека самиот избор на претседателот на државата, на Уставниот суд и на пратениците е доведен во прашање. Мислам дека сите овие се нелегитимни институции и треба да го почитуваат Специјалното јавно обвинителство и нашите истраги за да ја утврдиме вистината“, рече Јанева.

Ова го изјави денеска на конференцијата за ефективна борба против корупцијата на високо ниво, на којашто гостуваа романската специјална јавна обвинителка Лаура Ковеси, амбасадорот на САД, Џес Бејли и министерот за правда Аднан Јашари.

Слично

Поврзани вести